Охридски Комуналец продолжува со активностите за расчистување на снегот
ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со несмален интензитет со активностите за расчистување на снежната покривка од коловозите и јавните површини со цел да обезбеди непречено движење на возилата и пешаците, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби.
Пристапите до институции, пешачки патеки, премини и острови, чаршијата, кејот, стрмни улици и други површини се посипуваат со абразивни средства. Екипите со сета расположива механизација се трудат да делуваат во секоја урбана заедница, а голем придонес можат да дадат и самите граѓани и правни лица доколку сами ги исчистат пристапите до своите домови и објекти.