Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ ќе настапи на хорски фестивал во Врњачка бања
Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ утре заминува за Врњачка бања, Србија, каде ќе настапи на фестивал на хорска музика.
Хористите под диригентската палка на Бурим Хидри ќе настапат на концертот насловен „Istočnik živonosni”. Заедно со нашите хористи ќе настапи и хорот „Абрашевиќ“ од Врњачка бања.
За ова гостување имаат подготвено хорски репертоар од духовни, традиционални и современи композиции: Agni Parthene – Sv. Nektarios Bogoroditse Djevo, A. Part Legenda – P. I. Tchaikovsky, Tebe pojem – S. Mokranjac, Schedryck – M. Leontovych, Ubi caritas – O. Gjeilo, Stabat mater – Z. Kodaly, Siyahamba, традиционална африканска композиција, а премиерно ќе ја изведат и композицијата „Боса Роса“ од охридскиот композитор Гоце Гавриловски.