26/11/2024
Охрид

Охридскиот театар гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“

Охридскиот театар кој работи во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, денес (30 јуни) гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата “Гола Месечина” со претставата „Енергични луѓе“ во режија на Александар Иваноски.

Фестивалот е во организација на Театар комедија од Скопје и трае од 25-30 јуни. Охридскиот театар всушност го затвора Фестивалот на комедија каде учествуваат уште 3 други театри од Македонија и 2 театри од соседството Бугарија и Србија.

Охридскиот театар е во подготовка на својата најнова премиера кој својата прва изведба ќе ја има за скоро.


WebOhrid / 30.06.2022 / Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид