Охридските средношколци им оддадоа почит на жртвите во несреќата во Кочани
По барање на Сојузот на средношколци на Македонија и врз основа на потпишаниот меморандум помеѓу сите ученички заедници на средните училишта во Охрид, денес со почеток во 9:00 часот се одржа тивок марш во знак на оддавање почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани.
Учениците најпрво се собраа во училишните дворови и со движење по охридските улици се упатија кон Градскиот плоштад, каде запалија свеќа и им оддадоа почит на жртвите во несреќата во Кочани.
WebOhrid / 18.03.2025