Охридските ученици дел од Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта
На 09 декември 2022 во ПОУ Јахја Кемал општина Карпош, Скопје, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенција за млади и спорт и Шаховска федерација на Македонија, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.
Во категорија основно училишта (I-IV одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:
- Мартин Серафимоски – ООУ „Христо Узунов“,
- Мехмед Хамза – ООУ „Братство Единство“,
- Драган Анѓелески – ООУ „Григор Прличев“ и
- Марко Попоски – ООУ „Григор Прличев“.
Во категорија основно училишта (VI – IX одд) – девојчиња учествуваа 22 млади шахистки, од општина Охрид учествуваа:
- Емилија Лушеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои третото место,
- Ивана Велкоска – ООУ „Григор Прличев“ која го освои 7 место,
- Емилја Целеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои 12 место.
Во категорија основно училишта (VI – IX одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:
- Михаил Николовски – ООУ „Григор Прличев“ кој го освои третото место,
- Стефан Матески – ООУ „Григор Прличев“.
Во категорија средни училишта (момчиња и девојчиња) учествуваа 42 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:
- Никола Николовски ученик во III година – ОСУ „Св.Климент Охридски“,
- Стојан Велкоски ученик во III година – ОСУ „Св.Климент Охридски“,
- Иван Велкоски ученик во II година – ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и
- Елена Лушеска ученичка во I година – ОСУ „Св.Климент Охридски“, која го освои 1 место во женска категорија.
Патувањето на учениците беше организирано од страна на Општина Охрид.
WebOhrid / 10.12.2022 / ШК Ласкер Охрид