Охриѓанец агресивно се однесувал кон вработени во ЈП „Билјанини извори“
На 20.07.2021 околу 19.00 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(47) од Охрид, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со оштетување на наплатната куќарка и инвентарот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.