Охриѓанец бесправно градел во Велестово
СВР Охрид, поднесе кривична пријава против З.К.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на оваа година, на катарстарска парцела во охридската населба Велестово, изградил објект за кој, немал одобрение издадено од надлежен орган. На местото, инспекциски надзор извршил општински овластен градежен инспектор, по што, било донесено решение за отстранување на градбата.