Охриѓанец добил тешки повреди откако бил прегазен од сопственото возило
На 16.08.2019 во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за с.Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото ,,Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него.
Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.