Охриѓанец дрско и непристојно се однесувал кон вработените и гостите во кабаре
На 01.06.2019 година во 03.35 часот, во кабаре лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, извршено од Ф.Д. (28) од Охрид со дрско и непристојно однесување кон вработените и гостите како и кон полициските службеници.
Тој е приведен во полициската станица заедно со неговиот пријател К.Ј.(31) од Скопје кој ги спречувал полициските службеници во приведувањето. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.