23/11/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал двајца браќа во казино

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ц.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Тој, на 08.08.2020 во казино на улица „Абас Емин“ во Охрид физички ги нападнал К.М.(20) и неговиот брат Н.М.(25), двајцата од Охрид, по што меѓу нив настанала физичка пресметка.