26/11/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал две лица во берберница во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид.

Тој, на 03.08.2020 год. во берберница лоцирана на улицата „Даме Груев“ во Охрид, започнал вербална расправија со Д.Д. (24) и Д.Д.(25), двајцата од Охрид, по што физички ги нападнал со остар предмет.