Охриѓанец физички нападнал вработен во угостителски објект
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ч.Ќ.(46) од Охрид за сторенo кривично дело „Тешка телесна повреда”.
На 06.11.2017 година во Охрид на улица „Кузман Јосифовски Питу” во угостителски објект по претходна вербална расправија за направената сметка, пријавениот физички нападнал 40-годишно лице, кое било вработено во угостителскиот објект, при што му нанел тешки телесни повреди.