Охриѓанец физички нападнат од сопственик на угостителски објект
На 27.05.2019 година во 02:00 часот, во полициската станица во Охрид, Т.Т. (46) од Охрид, пријави дека физички бил нападнат од Ј.С. Според пријавата, нападот се случил во угостителски објект од Охрид, сопственост на Ј.С.
Полициската станица од Охрид презема мерки за расчистување на случајот.