27/11/2024
Охрид

Охриѓанец ја нападнал поранешната девојка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда”.

На 09.09.2018 година околу 16:45 часот на улица „Марко Цепенков” во Охрид, по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна девојка М.Г.(23) од Охрид и и нанел тешки телесни повреди.