23/11/2024
Охрид

Охриѓанец крадел во повеќе објекти низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.К.(45) од Охрид.

Тој, на 19 и 20.01.2020 година, со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка“. Притоа одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист.