Охриѓанец лишен од слобода поради оштетување гроб на ул „Гоце Делчев“
На 23.03.2018 година во 16.00 часот во Полициската станица Охрид од граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на ул. „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.
Од извршениот увид било утврдено дека околу 15.50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал. Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид. Тој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.