23/11/2024
Охрид

Охриѓанец неовластено снимил полицајци во угостителски објект

Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе кривична пријава против М.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“. На 24.01.2020 околу 23.00 часот, тој неовластено снимал полициски службеници додека извршувале службени дејствија-контрола во угостителски објект во Охрид.