22/11/2024
Охрид

Охриѓанец непостапувал според здравствените прописи за време на епидемија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(54) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.12.2020 во 12,30 часот при извршена контрола од страна на полициски службеници.

Љ.А. не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација, со што не го почитувал издаденото Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат-Охрид со мерка самоизолација.