22/11/2024
Охрид

Охриѓанец одзел картичка од скопјанец и со неа извршил 19 трансакции на повеќе места

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 27.07.2020 во згодна прилика, пријавениот одзел картичка сопственост на Н.Р. од Скопје, по што со неа преку ПОС терминали на повеќе места низ градот извршил 19 трансакции, со што прибавил противправна имотна корист за себе, а на штета на Н.Р., во износ од 73.500 денари.