Охриѓанец приложил лажна изјава за изграден објект
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
На 22.05.2018, пријавениот, во прилог на докуменатацијата за постапка на легализација на бесправно изграден објект, доставена до општина Охрид, приложил лажна изјава дека објектот бил изграден во текот на 2010 година.