Охриѓанец тешко повреден, управувајќи мопед излетал од пат кај Лескоец
На 13.09.2019 околу 19.55 часот во с.Лескоец, охридско, Д.Г.(31) од с.Лескоец, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата, Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.