Охриѓанец заработи кривична пријава кај кого била пронајдена дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М. (45) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 29.05.2020 во Охрид, на ул.„Васил Стефоски“ на паркинг пред хотел, полициски службеници, при преглед на Н.М и неговото паркирано патничко возило „бмв“, пронашле и одзеле марихуана.