Охриѓанец заработи кривична пријва поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста” , СВР охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (28) од Охрид.
Пријавениот, казнените дела ги сторил на осми овој месец во 20 часот и 20 минути во Охрид на пресекот на раскрсницата од кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ каде, униформирани полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Охрид вршеле работи од безбедноста во патниот сообраќај. Притоа било запрено патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано од сега пријавениот. При обид да биде извршена контрола на возачката документација, Ј.А. почнал да вика на висок тон и да биде агресивен и во еден момент физички нападнал униформирано службено лице-приправник за полицаец.