Охриѓани имаа можност да слушнат за подвизите на „човекот-амфибија“ кои се граничат со човечките можности
Во рамки на Охридскиот Фестивал на Вода 2024 вчера, во просториите на Црвен крст Охрид охриѓани имаа можност од таканаречениот „човек амфибија“ Јане Петков да слушнат за неверојатните можности на човечкиот дух, за силината на мислата и вољата која во комбинација со посебни техники на дишење тој ги применува во животот, а особено при изведување на подвизи кои се граничат со човечките можности.
А еден од предизвиците на седумдесетгодишниот Јане Петков ќе биде и денешниот, врзан со лисици на рацете и во вреќа, потопен на дното на Охридското езеро, да се ослободи и излезе на површината од езерото.
Овој атрактивен настан започнува во 12 часот на плажата Сараиште во Охрид.
WebOhrid / 27.08.2024 / Црвен крст Охрид