26/11/2024
Спорт

Охриѓани ја претставија Македонија на Балканското првенство во шах

Со поддршка на Општина Охрид  шестмина охриѓани од кои  четири  во машка и две  во женска конкуренција ја претставија Македонија на Балканското кадетско првенство во шах што викендов се одржа во Блаце – Р.Србија.

Во конкуренција на 100 деца од Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија во категоријата кадети до 11 години охриѓанката Емилија Љушеска го освои седмото, а Елена Љушеска деветтото место. Во категоријата момчиња од 8 до 11 години Македонија ја претставуваше охриѓанецот Јулијан Матески кој го освои четвртото место. Во категоријата кадети од 14 до 18 години од земјава  се натпреваруваа Константин Љушески, Никола Николоски и Иван Велковски кои ги освоија десеттото, дванаесеттото и четиринаесеттото место.