Охриѓани непосредно инволвирани во креирање на законските измени за туристичка и угостителска дејност
Претставници од Секторот за туризам и локален економски развој, денес во општинската зграда имаа работен состанок со претставници на туристички агенции и туристички водичи од Охрид.
На средбата туристичките работници беа информирани за сите досега предложени мерки од Министерството за економија, а кои се однесуваат на измени на законите за угостителска и туристичка дејност.
На состанокот се слушна мислењето на директно инволвираните лица во туризмот и сите нивни предлози да бидат сублимирани во еден вид заклучок којшто претставници од локална самоуправа ќе се потрудат да ги инкорпорираат во измените на законот.
Наредната недела ќе биде одржан уште еден состанок со туристичките работници од Охрид, на кој се очекува да има и претставници од релевантни владини институции.