ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод Нова година
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им ги честита новогодишните празници во добрина и надеж со желби за здравје, љубов и слога.
„Во годината што измина се соочивме со многу предизвици и потешкотии, тежок живот низ едно црно и мачно време. Година којашто сите сакаме што побрзо да ја заборавиме. Политичката атмосфера, за жал, многу лошо и непријатно се одрази врз граѓаните. Пред нас е година за сите нас, година на правилни одлуки и промени. Година на народот во која граѓаните ќе ја пратат својата порака. Во Новата година треба промена со нова визија. Ние како партија верувам е во себе, во своите сили, во својот град и држава. Ќе работиме успешно и постигнуваме многу. Охрид може и мора да оди напред.
Нека Новата година донесе промени на подобро на секој поединец и на секое семејство. Ослободете се од заблудата дека борбата за живот може да биде својствена за човекот – и ќе се запознаете со радоста, добрината, светоста на животот. Да Ве следи среќата, убавото и светло секојдневие. Да се отфрлат омразата и одмаздата. Еден кон друг да бидете добри, сочувствителни, проштевајќи си еден на друг. Да бидете помудри, хумани, чесни и праведни.
Посакуваме бериќетна година со многу здравје, радост и среќа главните двигатели полни со оптимизам за напредок, нова енергија и нова сила.
Ви посакуваме успешна и Среќна Нова 2019 година!“ – стои во честитката.