ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за 2 Август – Илинден, Ден на Републиката
ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид упатува честитка до сите граѓани, по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката.
„Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката упатува искрени честитки до сите граѓани.
Илинден е симбол на непокорот и борбата за слободна и независна Татковина, Република Македонија. Аманетот од Илинденците и Асномците, а наша цел е да ги чуваме и негуваме придобивките од двата Илиндена, двата столба – Крушево 1903 и АСНОМ 1944.
Не смееме да ја заборавиме храброста и решителноста на нашите предци. Големиот ден – Илинден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата за зачувување на Татковината и нејзиниот напредок.
Нека е честит и вековит Илинден!
Нека е вечен Охрид и нека е вечна Република Македонија!“ стои во честитката.