ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за 8ми Март
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка по повод 8ми Март – Меѓународниот ден на жената. Во честитката стои:
„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената упатува искрени честитки кон припадничките на понежниот пол со желби за здравје, среќа и личен просперитет.
Празнувањето на овој ден е и симбол на рамноправноста и слободата. Жената ни дава живот, нè грее со својата љубов, поддршка и грижа. Таа е топлина, мајчинство кое обврзува, но и бунтовност пред која заеднички се поклонуваме. Денес таа е столб и двигател на целокупното општество.
Вие стоите како капија на влезот и на излезот од овој свет носејќи ги добрината и убавината, светлината и надежта.
Силни жени, силна Македонија!
Среќен 8 Март!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.