30/11/2024
Македонија

Оливер Спасовски ја презеде министерската функција во МВР

Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер д-р Агим Нухиу ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор г-дин Оливер Спасовски. Министерот Спасовски му се заблагодари на г-динот Нухиу за неговиот досегашен ангажман во министерството и најави продолжување на реформите кои почнаа во неговиоот претходен мандат како министер за внатрешни работи, како и продолжување на опремувањето на полицијата, се со цел подобрување на работењето на полицијата во служба на граѓаните.