On Line „Велигденска временска капсула“ во живо на фејсбук страната на ООУ „Григор Прличев“
Седењето дома не може да ја спречи креативноста на индивидуите. Дечињата се радуваат на секој празник и носат особена среќа во домот. За Велигден, ООУ „Григор Прличев“ – Охрид ја продолжува традицијата со нивната т.н. Временска капсула.
Имено, секоја година учениците пишуваа желби кои во пластични кутивчиња ги обесуваа на Дрвото на Желбите во дворот на училиштето. По завршување на празникот, се затвораа во т.н. временска капсула и наредната година се отвораа и читаа.
Оваа година училиштето организира отворање на т.н. Временска капсула со видео во живо од нивната официјална фејсбук страна.
„Во ова време најважно е да не се изгубат моралните вредности и обичаи. Да се радуваме на секој момент и да имаме силна верба дека еден ден се ова ќе помине и се ќе биде добро.“ – велат од училиштето.
Воедно, ги повикуваат своите ученици кои минатата година замислиле и запишале желба, утре (четврток) во 11:30 часот да го следат видеото во живо на официјалната фејсбук страна на ООУ „Григор Прличев“. Можеби една од прочитаните желби ќе биде токму нивната!