ООУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа својот патронат
Со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент – Охридски“ во ЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон празник.
Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а во режија и сценарио на Никица Мишева учениците од петто, седмо и деветто оделение ја изиграа претставата, „Денот бел ни беше сон“.
Во рамки на одбележување на патрониот празник, делегација од училиштето во недела во 10:00 часот ќе положи цвеќе пред бистата на Св. Климент Охридски во школскиот двор.
WebOhrid / 07.12.2024 / Општина Охрид