ООУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани по трет пат наградено со еТвининг школска ознака
Училиштето ООУ Св. Наум Охридски – с. Пештани по трет пат е наградено со еТвининг школска ознака 2023-2024.
„Ова е големо достигнување на еТвининг тимот во нашето училиште!
Официјалното соопштение е објавено на образовната платформа на Европската школа и на другите канали за вести на еТвининг и на Европската комисија. Во следниов период нашите наставници ќе добијат покана да учествуваат во групата еТвининг училишта и во различните активности посветени на еТвининг училиштата.
EТвининг ознаката овозможува поголема видливост на училиштето на европско ниво и го дефинира училиштето како лидер во повеќе области како:
- дигитална практика
- Е- безбедност
- иновативни и креативни пристапи кон педагогијата
- промовирање на континуиран професионален развој на персоналот
- соработка на наставници и ученици со училишта од цела Европа
еТвининг е составен дел од Еразмус+ програмата на ЕУ, и нејзините главни цели се да им помогне на наставниците да направат колаборативни проекти со колеги од други земји да се вклучат во активности за професионален развој.
Во изминатит период со нашите ученици се работеше на темата Безбедно на интернет и опасностите кои секојдневно ги демнат. Активно се вклучија и во неколку европски проекти на теми релевантни за нивниот напредок, за овие проекти добивме и Национални и Европски ознаки за квалитет.
Ми претставува задоволство ова Европско признанието кое по трет пат го добива нашето училиште, затоа што достојно им го трасираме патот на учениците кон успехот и европските вредности.“ – истакна Лила Каранфиловска, Е-твининг амбасадор.
WebOhrid / 03.05.2023