26/01/2025
Охрид

Опожарено возило на улицата „Париска Комуна“ во Охрид

На 05.01.2025 во 21:30 часот во СВР Охрид, С.В.(50) од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улицата „Париска Комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „BMW X3“ со охридски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


WebOhrid / 06.01.2025 / СВР Охрид / фото: Архива