22/11/2024
Охрид

Опозицијата ја напушти 4-тата седница на Советот на општина Охрид

На денешната 4-та седница на Советот на општина Охрид, како што претходно беше најавено, советниците од опозицијата ја бојкотираа работата на Советот, односно ја напуштија седницата.

Како што изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, причина за тоа е притворањето на осомничените за настаните во Собранието од 27 април. Тој додаде дека седниците ќе продолжат да бидат бојкотирани од нивна страна се до ослободувањето на притворените за настаните од 27 април.

WebOhrid