Општина Дебрца доби донација заштитни маски и дезифициенци од ЕУ
Денес на општина Дебрца и е доставена донација – заштитни маски и дезифициенци од страна на Делегацијата на Европската Унија.
Донацијата се содржи од:
- Хируршки заштитни маски за еднократна употреба – 900 парчиња.
- дезифициенци од по 950 ml и 500ml – вкупно 60 парчиња.
Градоначалникот Зоран Ногачески во името на граѓаните на општина Дебрца изрази благодарност до Делегацијата на Европската Унија, која континуирано ги помага проектите и активностите на општина Дебрца.