27/11/2024
Дебрца

Општина Дебрца доби два грантови за „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Денес градоначалникот Зоран Ногачески  присуствуваше на презентацијата за проектот: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка ( СДЦ ).

Во рамките на проектот има грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти, за кои општините аплицираа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Општина Дебрца аплицираше и доби средства во двете грантови шеми.

Во грантовата шема за инвестициски проекти аплициравме со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHF ќе внесеме нови туристички содржини на Слатинско Езеро (со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема), а новата патека ќе се постави на Андроид ГИС апликацијата SW Macedonia attractions.

Следна задача ќе ни биде да ги анимираме сите чинители, а особено АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со овој воден ресурс, по завршената санација на браната да се изврши чистење на езерото од вегетацијата и да се врати неговата природна убавина.

Во грантовата шема за иновативни проекти аплициравме со проектот: “Визуелизација на туристички атракции во Југозападниот плански регион” и со одобрените средства ќе се набави инфо киоск, кој ќе се постави на инфо точка (info touch panels), пред општинсклата зграда, во село Белчишта, со текстови и фотографии на туристички атракции во општина Дебрца, со превод на содржините на англиски јазик, софтверско решение за презентација на туроистичките атракции, односно ќе се обезбеди достапност до информации преку инфо точките за граѓаните и туристите. За овој проект се обезбедени 38.980 CHF за 4 општини (Дебрца, Дебар, Вевчани и Македонски Брод).