22/11/2024
Дебрца

Општина Дебрца доби универзален ровокопач опремен со хидрауличен чекан и нож за чистење на снег

Општина Дебрца заедно со партнер општините Вевчани и Струга доби уште еден грант – универзален ровокопач опремен со хидрауличен чекан и нож за чистење на снег, најави градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

„Денес е Летник и според верувањето она што денес ќе Ви се случи ќе Ве прати целото лето.

Затоа, денес со Вас споделувам уште една убава вест, која вчера ја добив од Министерството за финансии, кое ја имплементира програмата за развој на руралната инфраструктура, администрирана од Светска банка.

Веста гласи – дека општина Дебрца, како носител на проектот, заедно со партнер општините Вевчани и Струга, доби уште еден грант-универзален ровокопач, опремен со хидрауличен чекан и нож за чистење на снег, од марката Hidromek.

Механизацијата заеднички ќе можат да ја користат трите соседни општини.

За примопредавањето на механизацијата навремено ќе информираме.

Ајде аирлија нека е и са лето убави работи да не следат.“- напиша градоначалникот Ногачески, на својот ФБ профил.