Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за ОУ „Дебрца“
Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште, и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески
„Денес заокруживме уште еден проект и обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште (микроскопски препарати по анатомија, ботаника, зоологија, галванометар, магнетни игли, тродимензионален демонстратор на магнетни сили, епрувети, тегови,пипети, бирета, инки, шпиртна ламба, релјефни карти, основен сет за магнетизам, за електроника, за механика, за математика и друго).“– рече Ногачески.
Вредноста на набавката изнесува 100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.