Општина Дебрца домаќин на Трката за мир
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, заедно со учениците од ОУ „Дебрца“ беа домаќини на Трката за мир, чии активисти поминаа низ оваа општина.
Трката за мир е најголемата глобална штафетна трка во светот составена од интернационален тим маратонци-волонтери кои трчајќи со запален факел поминуваат низ многу држави на различни континенти, поврзувајќи ги различните култури и националности и ја пренесуваат пораката за мир, единство, хармонија и разбирање.
Трката е основана во 1987 година од Шри Чинмој, човекот кој својот живот го посвети на унапредувањето на идеалот за светски мир и светска хармонија.
Поздравувајќи ги учесниците на Трката, градоначалникот Ногачески истакна дека посебно му е мило што истата поминува низ Дебрца, подрачје во кое граѓаните отсекогаш се стремеле и бореле за мир.