Општина Дебрца ќе доделува финансиска помош за лицата со ретки болести
Денес е Меѓународниот ден на ретките болести. На овој Ден сите треба да се потсетиме што се направило досега за пациентите и семејствата со ретки болести и што треба да се направи за да може да загарантираме посреќна иднина за ретките семејства, напиша градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на својот Фејсбук профил.
Општина Дебрца во Годишната програма за здравствена заштита има предвидено доделување на финансиска помош за набавка на терапија за лицата кои имаат ретка болест.
„Со цел, макар и малку, да дадеме придонес да им се обезбеди поквалитетен живот.“- напиша Ногачески.
WebOhrid