22/11/2024
Охрид

Општина: Фактот дека Охрид се менува кај СДСМ предизвикува болка која ја манифестираат со критика дури и на проекти кои имаат хуман карактер

„Жална е глетката на СДСМ Охрид деновиве. Безидејни, огорчени, исфрустрирани и јадни… Фактот дека Охрид се развива, фактот дека се излегува во пресрет на граѓаните и им се помага, фактот дека Охрид се менува кај нив предизвикува болка која ја манифестираат со критика дури и на проекти кои имаат хуман карактер.

Фрапирани сме од нивната критика која ја упатуваат на сметка од проектот кој е од хуманитарен карактер и има за цел да се излезе во пресрет онаму и кај оние сограѓани на кои тоа ќе им биде најпотребно.

Незамисливо е за било кој, да не поддрши хуманитарна акција особено кога се однесува за негов сограѓанин.

Охриѓани тоа од поодамна го почуствуваа и на изминатите локални избори го манифестираа тоа чувство, затоа СДСМ Охрид се таму каде што се денес, во опозиција, безидејни, огорчени, исфрустрирани и јадни.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.


WebOhrid / 09.06.2022 / Општина Охрид