26/11/2024
Охрид

Општина Охрид додели 43 таблети за ученици од социјално ранливи категории

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска додели 43 таблет компјутери, наменети за ученици од социјално ранливи категории, за следење на наставата, по новиот концепт и програма за IV одделение.

Електронските уреди се обезбедени врз основа на договорот за редовни телекомуникациски услуги, кој Општина Охрид го има со избраниот мобилен оператор. Дел од одобрените средства, кои се наменети за набавка на мобилни уреди за администрацијата, беше одлучено да бидат пренаменети и искористени за набавка на таблети за ученици.

Таблетите ќе бидат распределени во охридските основни училишта врз основа на потребите.

Инаку од страна на Министерството за образование и наука, во училиштата веќе беа доставени одреден број на таблети за изведување на наставата, наменети за ученици од социјално ранливи категории. Со средства од општинскиот буџет во тек е набавка на нагледни средства согласно новиот концепт за I и IV одделение во вредност од 3 милиони денари.

Во текот на наредниот период Општина Охрид ќе обезбеди дополнителни средства за набавка на електронски  уреди за потребите на учениците и непречено одвивање на наставата.