23/11/2024
Охрид

Општина Охрид донираше хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, наменети за социјално ранливите семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските празници, Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.
Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.
Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство. Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град.