Општина Охрид го свика кризниот штаб поради невремето кое го зафати охридскиот регион
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, го свика кризниот штаб на општина Охрид поради невремето што го зафати Охрид и охридскиот регион попладнево.
Невремето кое беше проследено со силен дожд и град чии зрна достигнаа дури и големина на јајце, траеше околу половина час и предизвика поплави по улиците и видни штети по насадите во охридскиот регион.
WebOhrid / 24.06.2023