Општина Охрид изготвува Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за период 2019-2025
Општина Охрид со цел изготвување на ТРЕТ ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План) ги повикува граѓаните да земат активно учество во идентификација на проблемите со животната средина и да го дадат своето мислење за сегашната состојба.
Со пополнување на анкетниот прашалник граѓаните ќе придонесат за ефикасно справување со предизвиците во сопственото место на живеење за доброто на сите.
Прашалникот може да го пополните на следниот линк.