26/11/2024
Охрид

Општина Охрид: Очајни се обидите на централната власт и смешните прес-конференции на СДСМ

Очајни се обидите на централната власт и смешните прес-конференции на СДСМ за оцрнување на работењето на Локалната власт и градоначалникот Кирил Пецаков.

Да почнеме со ред кога веќе од ништо не се разбирате. Депонијата Буково е нестандардна депонија и во неа се депонира комунален отпад од општина Охрид, а служела и како алтернативна депонија на други општини.

ЈП ,,Охридски Комуналец” за потребите за одржување на депонијата Буково обезбеди булдожер гасеничар со кој енормно ги намали трошоците за одржување на истата, а исто така и депонијата се покрива со земја.

Имајќи ја предвид големината на депонијата и нејзината старост и имајќи ги предвид честите подметнувања на пожар се јави потребата за набавка на екстрат на база од алги кој е единствено решение за превенција од пожар како и гаснење на пожар на депонија.

Спроведена е законски и транспаретна јавна набавка преку системот за е-набавки.

На огласот се јавени два економски оператори и на закажаната електронска аукција е постигната цената на која е склучен договорот со економскиот оператор кој на електронската аукција даде најниска цена (и да потенцираме се работи за цена која е реална пазарна цена на пазарот).

Предвидени се 1.000 литри од екстрактот на база од алги, но договорниот орган согласно од ситуацијата на терен ќе утврди колкава количина ќе има потреба да се искористи, а тоа е евидентно и во договор склучен со економскиот оператор.

Согласно чл.1 ст.3 ,,Количините на предметот на набавка ќе се набавуваат сукцесивно по потреба во зависност од потребите на договорниот орган, но не повеќе од вкупно предвидените количини во спецификациите од тендерската документација на договорниот орган”, а во ст.4 од истиот член е предвидено дека ,,Договорниот орган има право да набави помали количини од дадените во спецификацијата, а носителот на набавката нема право да приговара на тоа.”

Затоа кога не знаете да направите и отворите една регионална депонија, дегутантно е да зборувате за екстракт од алги и употреба.

Во изобилство на вашите огромни скандали очајно се обидувате да фабрикуваат и измислуваат афери за Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков.

Цела јавност знае дека работиме посветено и домаќински, а за тоа доказ е одблокирањето на сметката на Општина Охрид и нула долг.

А казната од нарадот за вашето неработење и криминал доаѓа многу брзо на изборите.


WebOhrid / 21.01.2024 / Општина Охрид