Општина Охрид потпиша Меморандум за соработка со ЗПИРМ
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателката на Здружението на професори по италијански јазик, ЗПИРМ м-р Бранка Гривчевска потпишаа меморандум за соработка.
Меморандумот се темели на заемен интерес на Општина Охрид и на здружението за остварување на долгорочна образовна, научна, културна, јазична и апликативна сорботка. Целта е преку заеднички активности да се промовираат италијанскиот јазик и култура во Општина Охрид.
Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од образовен, културен, развоен, истражувачки и научен карактер, различни облици на научна, истражувачка и техничка помош, консултации и размена на знаења и искуства, организирање настани, работилници, тркалезни маси и собири.
Согласно потпишаното во тек е факултативна настава по италијански јазик во основните училишта: „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“. Станува збор за пилот проект финансиран од Општина Охрид, а наставата ја следат околу 100 ученици.
WebOhrid / 22.03.2023 / Општина Охрид