Општина Охрид се вклучи во Европската недела на спортот
Општина Охрид активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на спортот. Фокусот е даден на обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско – рекреативни активности.
Одбележувањето започна во ООУ „Св. Климент Охридски“ преку организирање на спортско –рекреативни активности. Во наредните денови вакви активности ќе се организираат и во другите училишта.
WebOhrid / 20.09.2022 / Општина Охрид