Општина Охрид со поддршка на голем број здруженија и невладини организаци
Заедницата на Египќаните е важен дел од мултикултурната разноликост на нашиот Охрид и дава значаен придонес во сите сфери на општественото живеење.
Чест ми е што синоќа бев дел од свеченоста за отворање на “Културно информативниот центар” кој ќе придонесе за зачувување на традиционалните вредности и ќе овозможи креирање на нови можности за напредок на припадниците на оваа заедница. Преку заедничка соработка создаваме услови за подобар живот и еднакви права за сите граѓани.
Со обезбедување на простории за работа, Општина Охрид континуирано дава поддршка на голем број здруженија и невладини организации.